Скопје одбележува еден век од зоолошката градина: Приказни за животните, музички хепенинг, забава за најмладите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со приказни за животните, музички хепенинг и забава за најмладите започна одбележувањето на стогодишнината од основањето на Зоолошката градина во Скопје, која е најстара на Балканот. Во овие сто години Скопје ЗОО имала подеми и падови, а денес во неа живеат 500 животни од сто вида. Меѓу најатрактивните се слоницата Данела, нилскиот коњ Буцо, морските лавови, лемури, тапаси, пингвини, автохтоната мечка и многу други.

„Практично да го уредиме просторот кој што долги години беше запуштен. Господинот Марио, денеска е гостин во Зоолошката градина,кој што е претставник на ЕАЗА, асоцијацијата од која за жал пред неколку години не изфрлија, и ќе дадеме се од себе, сакам тоа да го истакнам во јавноста, за да ги подобриме впечатоците таму но и да видат дека ги менуваме работиуте за да се вратиме повторно во ЕАЗА со што би се отворила и можноста за да обезбедиме нови видови на животни“, изјави Ѓорѓиевски.

„Ќе почнеме со реновирање на старите живеалишта и ќе направиме нови, хабитат европски живеалишта, по стандардите на ЕАЗА и ќе донесеме, се надевам многу нови животни што до сега ги немала Градината“, изјави Катерина Костова, директорка на Скопје ЗОО.