„Скопје отпорен град“ – За 18 милиони денари се прават „зелени покриви“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Скопје отпорен град“  проектот на Град Скопје и УНДП продолжува со озеленување на покривот на Дом на градежници. На овој простор се  враќа познатото летно кино, но овојпат немо, бидејќи посетителите  ќе носат   слушалки за да не им пречат на соседите. Во градот температурата се очекува да се намали до 3 степени, а на конкретното место и многу повеќе.

„Искуствата покажуваат дека на вакви површини температурите знаат да се намалат помеѓу 16 и 22 степени од тоа што биле и плус ја зголемуваме енергетската ефикасност“, истакна Петре Шилегов.

Инвестицијата чини 18 милиони денари.

„Во последните години ние се обидуваме на Скопје да му помогнеме во спроведувањто на мерките што се дел од стратегијата „Отпорно Скопје“ во  однос на климатските промени и овој проект  е дел од тие активности“, посочи Нарина Сахјакан.

Ова е втор зелен покрив после оној на ГТЦ, а следниот ќе биде на ТЦ  „Мавровка“. Зелените покриви не се единствените активности, град Скопје во сосработка со УНДП имаше низа еко акции за озеленување на јавни површини со вклученост на граѓаните и архитекти.