Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2731 тестирања, а регистрирани се 913 нови случаи на коронавирус, од кои 459 се наоѓаат на територија на Скопје.
Имено, во Скопје досега има 14.735 заразени од коронавирус, додека пак бројот на активни случаи изнесува 5.304
Активни случаи по општини Скопје денеска:
- Аеродром -894
- Карпош – 774
- Центар – 714
- Гази Баба – 679
- Кисела Вода – 676
- Ѓорче Петров – 433
- Бутел – 287
- Чаир – 285
- Илинден – 127
- Шуто Оризари – 62
- Сопиште – 46
- Сарај – 41
- Петровец –41
- Чучер Сандево – 30
- Студеничани – 22
- Зелениково -20
- Арачиново -13
Во моментов нераспределени има 103, додека пак странци се 57.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 33908, бројката на оздравени пациенти е 21665, на починати е 1049, а бројот на активни случаи изнесува 11194.
