Скопје во хаос поради блокадите – „блокадите ќе продолжат, додека не се исплати долгот“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Приватни автобуси денеска повторно блокираа дел од скопските улици. Оние кои во 6 часот наутро се паркираа на раскрсницата кај тц „Мавровка“, кај Црвениот крст и на булеварот „Илинден“, што предизвика долги колони од автомобили, а многу работници доцнеа на работа.

Директорот на превозното претпријатие „Слобода превоз“, Ленин Јовановски истакна дека ќе продолжи да ги блокира улиците се додека не се најде решение со Град Скопје.

Премиерот Димитар Ковачевски ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за блокадата во Скопје. Коментирајќи го протестот на приватните превозници, Ковачевски рече дека истите луѓе кои водеа кампања за Арсовска денеска имаат прес-конференција по блокадите со автобуси.

Но, од ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека Ковачевски и Арсовска се договориле провизијата од нафта да оди кај владин пратеник.

Инаку, од двете фирми „Макескпрес“ и „Слобода превоз“ велат дека ќе продолжат со блокади и ќе ги искористат сите механизми за да добијат околу еден и пол милион евра долг од градот, додека предупредија и на тужби за раскинување на договорот.