СКСЗМ ќе бара нови мерки од Влада – Исени: Функцијата на Битиќи, надеж дека барањата ќе бидат прифатени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пандемијата со Ковид-19 остави последици во бизнис секторот, а многу компании имаа загуби. Владата со пакет мерки влијае врз ублажувањето на ефектите од ковид кризата, со цел да се спасат бизнисите и да се зачуваат работните места.

СКСЗМ најави дека ќе ја продолжи комуникацијата со Влада за новите мерки и барања. Извршниот директор Дрилон Исени рече дека самиот факт што вицепремиерот Битиќи е лицето кои се занимава со овие мерки, тоа претставува надеж дека ќе добијат позитивен одговор.

„Тоа што ја карактеризира релацијата со Влада и Економската комора е функционирањето на платформата за јавено-приватен дијалог со кој претседава г. Битиќи и на месечно ниво одржуваме редовни состаноци со него. Тој е ко-претседавач со претседателите на Коморите и секој месец одржуваме состаноци на кои разговараме за потребите на бизнисот. Дефинитивно постои взаемена почит меѓу Владата и бизнисите. Тоа е форум каде отворено се дебатира и се почитуваат аргументите на сите страни.“, вели Дрилон Исени.

Досега Владата одобри шест пакети, во вредност од околу 900 милиони евра за бизнисите. Пред неколку дена, говорејќи на Првиот економски форум во Скопје, вицепремиерот Битиќи рече дека поради овие 6 пакети економски мерки тие успеале брзо да се прилагодат на новите ситуации. Врз основа на статистичките податоци, особено од минатиот месец, Битиќи рече дека постои тенденција на закрепнување на економијата на Северна Македонија.