СКСЗМ за ограничувањето на маржата: „Министерот не нѐ консултираше, ефектот може да биде минимален“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Економистот Фатон Халили ја смета мерката на Владата за ограничување на маржата за избрзана и непромислена. Според него, оваа мерка не е во најдобар интерес на граѓаните и е изненаден како стопанските комори ја прифатиле, бидејќи според него не им одговара ниту на бизнисите. Компаниите можат да најдат различни начини да ја злоупотребат ситуацијата и државата нема доволно капацитет да ја контролира, вели Халили.

„Толку избрзано, толку брзо, некоординирано и од моја гледна точка недобро обмислено, бев изненаден и од претставниците на Стопанските комори како се согласија со оваа одлука. Мислам дека оваа предложена мерка за ограничување на маржата на 10% од добивката на компанијата не е мерка која влијае на интересот на граѓаните. Сметам дека и Стопанската комора треба да биде поодговорна и не треба да го дозволи тоа, бидејќи преку овие мали, лесни одлуки, да се создаде алиби за власта, дека владата се грижи постојано за граѓаните. Мислам дека социјалните шеми во Северна Македонија беа штетни и не водат никаде.“, вели Фатон Халили.

Од Стопанската комора на Северозападна Македонија негираат дека имале официјална средба со министерот за економија Бесар Дурмиши или дека се консултирале за оваа мерка. Извршниот директор Дyрим Зеќири вели дека мерката е на штета на бизнисите и граѓаните.

-Оваа интервенција на државата на слободниот пазар може да доведе до намалување на понудата на пазарот со што повторно ефектот ќе биде минимален или да има контра ефект-изјави Зеќири.

СКСЗМ бара да ја преиспита оваа мерка, бидејќи оценуваат дека истата не соодветствува со менталитетот на економскиот развој, бидејќи со ова Владата директно интервенира на слободниот пазар, со што се руши овој концепт, каде цените треба да се одредуваат според понудата и побарувачката.

„Дадовме наша сугестија, овие производи, кои се значајни за пазарот на нашата земја, да се размислува за намалување на царинските стапки на истите, што ќе влијае на намалување на крајната цена и тука нема да влијае на пазарот на бизнисот. . Бизнисот не би бил оштетен додека граѓаните би имале подостапни цени на производите.“, рече Зеќири.

Мерката на владата предвидува ограничување на маржата на бруто добивка на 10%. Овој предлог Министерството за економија веќе го достави на владина седница, а министерот Дурмиши очекува да биде одобрена. Некои од производите кои ќе бидат опфатени со оваа мерка се лебот, млечните производи, овошјето, зеленчукот, а кошничката ќе биде краткотрајна и ќе почне да важи за еден месец и ќе продолжи до Нова Година и празниците потоа.