Слаба атмосфера на плоштад „Скендербег“ во Скопје, граѓаните немаат информации дали ќе се одржи манифестација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Иако е 28 ноември или денот на Албанското знаме, на плоштад Скендербег во Скопје и во Старата Чаршија преовладува слаба, не празнична атмосфера и има слаба раздвиженост на граѓаните.“, вели репортерката на ТВ21, Алмедина Исмајли.

Ова е една од малкуте продавници каде се вееше црвено црното знаме. Сопственикот на продавницата вели дека секоја година 15 години по ред ги поставува овие знамиња.

Гледаме пред продавницата црвено црни знамиња, дали сте ги поставиле денеска или постојано стојат?
„Секогаш за празникот ги поставувам и дома и овде“
Значи славите?
„Да, јас ја славам мојата независност, таа ја имам. Јас сум Албанец и секогаш славам, да имав можност би тргнал сега за Тирана, но сега имам работа и морам да бидам тука.“
Сакав да ве прашам малку и за атмосферата во Старата Чаршија, верувам дека минатите години ….
„Минатите години беше многу добро, годинава не знам во што е проблемот“.

И продавачот на народни носии и знамиња се пожалија за слабата работа оваа година.

„Исто е како и секој пат, има малку работа, ни луѓе немаа, многу слаба атмосфера, не знам што е работата, ни луѓе нема, слабо.“

Граѓаните не беа информирани дека има некаква манифестација како другите години, но велат дека се чувствуваат добро и се горди за 111 годишнината на независноста на Албанија.

„Требаше да има, но можеби подоцна, бидејќи секогаш се прави подоцна. Можеби поради времето“.
Како граѓанин Албанец, како се чувствувате денеска за независноста на Албанија?
„Не може да биде подобро“.

„Можеби поради дождот или… не знам што е работата“.
Како се чувствувате за празникот?
„Горд сум што сум Албанец“.

На плоштадот Скендербег не е предвидено одржување на некој концерт или манифестација.