Слика на уметник продадена на аукција за рекордни 54,7 милиони долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Aвтопортрет од познатата мексиканска уметница Фрида Кало е продаден за 54,7 милиони долари во Њујорк, поставувајќи рекорд за највредно дело од уметник некогаш продадено на аукција, соопшти „Сотбис“ во четврток.

Петминутно наддавање

Аукциската куќа соопшти дека двајца наддавачи се натпреварувале во петминутна војна на наддавање за сликата од 1940 година „Ел суено“ (Ла кама), што во превод значи „Сонот“ (Креветот) и ја прикажува Кало како лежи во кревет. Идентитетот на победникот на аукцијата не е откриен.

Претходен рекорд

Претходниот рекорд за дело од уметник на аукција го држеше американската сликарка Џорџија О’Киф, чие дело „Џимсон Вид / Бел цвет бр. 1“ беше продадено за 44 милиони долари во 2014 година. Рекордот за дело од Фрида Кало беше 34,9 милиони долари, поставен во 2021 година.

Автопортретот на Фрида

Ел суено (La cama) последен пат беше продадено на аукција во 1980 година за 51.000 долари – околу илјадити дел од сегашната цена. Ана Ди Стаси, раководител на одделот за латиноамериканска уметност во „Сотбис“, рече дека продажбата го одразува и растечкото ценење на Фрида Кало и растечкото признавање на женските уметници на пазарот на луксузни стоки.

Светски познатата уметница е родена во 1907 година и починала во 1954 година на само 47-годишна возраст по живот обележан со физичка и емоционална болка. Таа беше најпозната по своите автопортрети.