Владата на Словачка забрани патувања во странство за време на празниците во следните месеци за да се забави пандемијата на коронавирусот.
Владата во Братислава соопшти дека патувања ќе бидат дозволени за работа и други не-туристички цели, а забраната е продолжување на рестриктивните мерки за движењето во земјата, според кои луѓето не можат да ја напуштат својата област без важна причина.
Уредбата е усвоена поради страв од ширење на опасните странски мутации на вирусот.
Словачка, членка на Европската унија со 5,5 милиони жители, е најтешко погодена во последните неколку недели, со близу 4.000 хоспитализирани и околу 100 починати на ден.
Словачкото Министерство за здравство вчера соопшти дека вкупниот број на потврдени и сомнителни смртни случаи предизвикани од ковид-19 е повеќе од 10.000.
