Словачкиот премиер во ненајавена посета на Москва

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Словачкиот премиер Роберт Фицо дојде во ненадејна посета на Москва каде разговараше со Владимир Путин, со што стана само третиот западен лидер кој се сретна со руски лидер од инвазијата на Украина пред три години.

Фицо, гласен критичар на поддршката на Европската унија (ЕУ) за Киев во војната, рече дека разговарале за испорака на руски гас за Словачка, на која се потпира неговата земја.

Договорот со рускиот гасен гигант Газпром за транзит на енергија преку Украина до Словачка истекува на крајот на оваа година.

Врвните претставници на ЕУ беа информирани за моето патување во Москва и неговата цел во петокот“, напиша Фицо на Фејсбук.

Фицо рече дека средбата во Москва била реакција на изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој им рекол на лидерите на ЕУ дека Украина и понатаму се противи рускиот гас да се испорачува преку нејзина територија.

Словачкиот премиер, кој преживеа атентат претходно оваа година , додаде дека имал „долг разговор“ со Путин и дека двајцата „размениле мислења за воената ситуација во Украина“.