Словенија делумно ги укинува рестриктивните мерки до 23 декември

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата на Словенија од денеска одлучи да ги укине дел од рестриктивните мерки, воведени поради коронавирусот, до 23 декември.

Од денеска во Словенија повторно ќе функционира јавниот превоз, а се отвораат и фризерниците, цвеќарниците, автопералниците и сервисите за хемиско чистење.

Дополнително укинување на мерките словенечката Влада одобри во само четири региои со најповолна епидемиолошка слика и тоа во Централна Словенија, Горишка, Крајбрежно-Кришкиот регион и Горењска.

Во сила останува мерката едно лице да биде на простор од 30 метри квадратни.

Бизнисмените ја поздравија владината мерка за укинување на дел од мерките, додека министерот за здравствои Томаж Гантар е внимателен и ја потсети јавноста на лимитираните капацитети на здравствениот систем.