Словенија ќе им забрани на лекарите од државните болници да работат приватно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Парламентот во Словенија ги одобри измените во законот за здравствена заштита, според кој лекарите во државните болници ќе немаат право на паралелна приватна пракса.

Предлогото за одвојување на јавното и приватното здравство беше изгласан со 45 гласа „за“ и 26 „против“.

Министерката за здравство Валендина Преволник Рупел, во обраќањето пред парлаемнтот, истакна дека владиниот предлог јасно ја дефинира јавната и приватната пракса и ги регулира можностите за префрлување од еден сектор во друг. Според неа, ќе се отворат нови можности за наградување на здравствените работници и вработените во државните болници за дополнителна работа.

Лекарските организации во Словенија се противеа на измените на овој закон.