Словенија цели да поттикне проширување на ЕУ – Лајен: Длабоко сум убедена дека Западен Балкан припаѓа на нашето европско семејство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, се залага дека ќе го турка напред процесот на интеграциите на земјите на Западен Балкан со ЕУ.

На 1 јули, Словенија го презеде шестмесечното претседателство со ЕУ. Од 2019 година, процесот на интеграции е во застој откако неколку земји членки предводени од Франција го блокираа почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија.

Потоа, Бугарија стана главна пречка за секој напредок, бидејќи одби да даде зелено светло за Северна Македонија да ги почне преговори поради неколку недоразбирања за идентитетот и историјата.

„Длабоко сум убедена дека Западен Балкан припаѓа на нашето европско семејство. Поради тоа, има многу да се направи. Треба да се спроведат реформи за навистина да се подготвени за да се приклучат кон Европската унија и поради тоа процесот на Западен Балкан е тие се поканети сега. Сметам дека има многу да направиме за да ги поддржиме, работите сега се запрени кај Меѓувладината конференција со Албанија и Северна Македонија“, истакна Урсула Фон дер Лајен.

„Европската унија прави големи чекори напред  доколку  се фокусира на нештата. Доколку проширувањето, на пример стане шеста тема на агендата, ние никогаш нема да стигнеме до таа тема. Албанија и Северна Македонија можат да напредуваат на следниот самит во октомври ако сите се концентрираат на тоа. Европската комисија даде голема  помош, но на крајот на денот, ова е политичка одлука“, порача Јанез Јанша.