Случај „Империја“, продолжуваат превирањата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – Мицкоски вели дека имотот на партијата е запленет неправедно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ е таа која ги загрозува државните и националните интереси. Случајот „Империја“ го изнесе на виделина криминалот на Груевски, обвинуваат од СДСМ. Според владејачката партија, Мицкоски молчи и покрај фактот што неговиот ментор и шеф, Никола Груевски се најде на црната листа на САД. Молчи и пред судот, а и по судските пресуди за неговите сопартијци, додаваат од партијата.

Но, од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заплената на имотот го нарече стапица, додавајќи дека правосудниот систем и обвинителството се заработи и соработуваат со СДСМ.

Вчера, Обвинителството за организиран криминал и корупција извести дека завршило економското вештачење во случајот „Империја“, кој се води против Орце Камчев и Сашо Мијалков. Обвинителството бара да се заплени имотот опфатен во истрагата, бидејќи смета дека е стекнат и потекнува од кривично дело. Како што велат од обвинителството, од прибраниот доказен материјал произлегува дека предложениот имот е имот што е пренесен на трети лица за да се прикрие неговиот вистински сопственик. Инаку, денеска одбраната на Мијалков поднесе жалба на одлуката на обвинителството за замрзнување на уделите од фирмите поврзани со неговиот имот, вклучувајќи ги и оние во хотелот „Мериот“, како и неговата приватна куќа на Водно.