Случајот Мијалков е причина за граѓаните да ја изгубат и таа малку доверба во судовите, а дека судството има двојни стандарди што се однесува до Албанците и Македонците, тоа се виде најдобро со овој случај, смета адвокатот Бесник Асани.
„Правниот систем во Македонија е дегенериран и има проблем од претходните системи, од политиките, и овој случај е причина плус граѓаните да немаат доверба во правниот систем. Не може да не забележиме дека има двоен стандард кој не дели на етничка основа, во случајот Сашо Мијалков, како Македонец по националност и еден друг случај со Фета Алими, со што се прави етничка поделба на Албанците и ова е елемент кој влијае на довербата во еден систем кој треба да биде непристрасен“, вели Бесник Асани.
Според Асани тоа што е најтрагично е што Мијалков е лице кои ги има избрано овие судии, и сега судиите треба да му служат за да нема некаква политичка одмазда во иднина. Вака смета адвокатот Бесни Асани кој вели дека процесот во Македонија е дегенериран.
„Знаете дека тој сега е обвинет но од тоа што разбравме, видовме и анализиравме, тој е лице кое имало целосно влијание во изборот на судии и обвинители и токму тие судии кои се избрани од ова лице сега треба да му изречат казна и станува збор за елементи на страв“.
Според Асани, обвинителството и судот намерно го држат предметот Таргет Тврдина во фиока со цел предметот да застари и обвинетите да не понесат одговорност за обвиненијата покренати против нив.
„Овој предмет за враќање на делото, доаѓа како кривично дело од 2014 или 2015 и го покрена СЈО и тоа падна, стана дел од целокупното обвинителство. Тоа ги покрена тие обвиненија, ги зеде предвид фактите но направи прекршок со покревањето на обвинителниот акт и презентирањето на фактите, и јас мислам дека од 2014 до сега тоа се одолговлекува и тоа се прави за да застари делото и постапката ќе биде прекината, обвинетите ќе бидат ослободени и нема да одговараат“.
Според адвокатот Асани, во Македонија треба да се смени и начинот на избор на судии и обвинители со цел да се врати довербата во судството.
