Таргет-Тврдин, Трезор,Транспортер и Алфа се 4 предмети за кои Судскиот совет ќе изврши контрола во Апелација. Ова е епилогот од итната седница на Судскиот совет која се одржа денеска поради укинувањето на пресудата за случајот “Таргет-Тврдина“.
Од вкупно 12 члена на Судскиот совет, само судијата Сашо Ѓорѓиевски зеде збор за да побара отчет зошто за случајот Таргет-Тврдина не е постапено 1 година.
Судиите Мирјана Радевска-Стефкова, Мери Радевска и Тања Чачарова-Илевска ќе извршат контрола во Апелациониот суд за судиите кои постапувале по овие предмети, дали евентуално намерно ги одложувале предметите. Координаторката на Апелација-Скопје, Тања Чачарова-Илевска рече дека со оваа контрола нема да се прави ништо друго поинаку од редовните месечни контроли.
Судијката Чачарова-Илевска се обиде да им излезе во пресрет на колегите од Апелација, истакнувајќи дека овој суд има обемни и сложени предмети.
Разгледување на предметот Алфа, побара и заменик претседателот на Судскиот совет Селим Адеми. Во предметот “Таргет-Тврдина“, Сашо МИјалков беше осуден на 12 години затворска казна за масовно прислушување, додека во предметот “Трезор“ доби 8 години затвор за нелегална набавка на опрема за прислушување.
