Случувањата во судски совет? – Ивановска не се согласува со новиот претседател

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Весна Дамева го коментираше нејзиното повторно разрешување како претседателка на Судскиот совет. За Дојче Веле рече дека веќе на јавноста и е јасно зошто зад затворени врати, Судскиот совет на две одржани седници и изгласа недоверба на Дамева и ја разреши.

Што се крие зад ’вистинските‘ причини за моето повторно разрешување, без присуство на јавноста, со грубо прекршување на сите правила и процедури, убедена сум дека тоа на јавноста и е веќе добро познато. Јас останувам доследна на изјавата која ја дадов на денот на мојот избор за претседател на Судскиот совет – дека за корумпираните судии нема место во судовите“, вели Весна Дамева.

Реагираа и од коалицијата “Сите за праведно судење“ од каде постојано ги следат седниците на овој совет. Дарко Аврамовски од оваа коалиција констатираше дека се направени низа незаконски постапки во овој совет.

Вчерашните случувања во Судскиот совет беа тема на дискусија и во емисијата Клик Плус на ТВ21. Според претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска во Советот се случува трговија со влијанија.

Но новоизбраниот претседател на овој висок судски орган, Сашко Георгиевски не се согласува дека има некакво влијание ниту кај него ниту кај другите членови.

4 члена на Судскиот совет или 4 колеги на Георгиевски гласаа против неговото бирање за претседател.

Судскиот совет зад затворени врати ја укина одлуката од 26 април за разрешување на претседателката Весна Дамева. Половина час подоцна повторно е избрана, исто така зад затворени врати и повторно разрешена Дамева овој пат со 9 гласа за. Истовремено и заменик претседателот Селим Адеми си даде оставка од функцијата  заменик.