Смртна казна за јапонскиот „твитер убиец“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јапонскиот суд денеска го осуди на смртна казна мажот кој убил девет лица откако претходно ги контактирал преку социјалната мрежа Твитер.

30-годишниот Такахиро Шираиши познат како „Твитер убиец“ уапсен е во 2017 година откако полицијата трагајќи по 23-годишна девојка од Токио во неговиот стан пронашла делови од тела. Подоцна се утврдило дека и исчезнатата девојка е негова жртва.

Тој призна дека убил осум млади жени и еден маж, кој ги запознал преку Твитер. Шираиши ги намамил жртвите во неговиот стан, кои претходно на социјалната мрежа пишувале за суицидални намери.