Утрово Македонија се разбуди под снежна покривка.
Најмногу снег засега има 34 см на Попова Шапка, 12 во Маврови Анови, 8 во Битола, 4 во Крушево, 3 во Прилеп, Претор, Ѓуриште, 2 во Тетово, 1 во Штип, Демир Капија.
Најстудено е на Попова Шапка и во Берово каде се измерени -7 степени, а следуваат -6 степени во Маврови Анови и Kрушево, -5 во Крива Паланка, -4 Скопје-Петровец, Струмица, Тетово, -3 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, Куманово, Велес, -2 Битола, Охрид, Кавардарци, Виница, Претор, Гевгелија, -1 Демир Капија.
Облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми од 15 до 25 cm, а на пониските места да се формира снежна покривка од 3 до 10 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.
