Снег падна во високите делови на Анталија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Врнежи од снег се забележани во повисоките делови на Анталија, Турција.

Со намалувањето на температурата, во градот повремено врнеше дожд, а на повисоките места почна да паѓа снег.

Врнежи од снег се забележани на врвот на планината Тахтали, кој е висок 2.365 метри во областа Кемер.

Домашни и странски туристи кои се упатија кон врвот со жичара наидоа на врнежи од снег. Тие моменти посетителите ги снимиле со своите мобилни телефони.