Снегот кој непрекинато паѓа повеќе од 24 часа во поголемиот дел од БиХ, денеска предизвика бројни потешкотии во патниот сообраќај, а на територијата која е дел од ентитетот Република Српска, целиот железнички сообраќај е во прекин поради дефект во далноводите.
Автомото клубот Босна и Херцеговина (БИХАМК) издаде предупредување до сите возачи поради отежнат сообраќај на патиштата што водат преку планинските превои.
Поради тоа, дел од регионалните патишта мораше целосно да се затворат, а најлоша е состојбата во поширокото подрачје на Дрвар, каде колона возила со 70 лица, меѓу кои и деца, беше однесена од снежно невреме на патот, што води кон Босански Петровац ноќта помеѓу понеделник и вторник.
Нивната спасувачка операција траела цели десет часа.