Снимачот на безбедносните камери рекле дека е украден, по претрес бил пронајден во кафаната каде што бил Христијан Мицкоски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска одржа прес-конференција во врска со случајот кога во угостителски објект беше „фатен“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Петровска напомена дека вработените во објектот рекле дека снимачот на безбедносните камери е украден. Меѓутоа по реакција на инспекторите, бил пронајден во објектот.

„Истиот е одземен, и во моментов се прави вештачење за да се утврди кои лица биле го објектот за време на забрана за работа“, рече Петровска.