Снопче: Албанците во Македонија се околу 29%, Апасиев знае, затоа така изјавува

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците вечерва во студиото во дебата со Арбер Адеми од ДУИ рече дека според сите параметри и од Заводот за статистика и други извори, бројот на Албанци е околу 29%. Додаде дека ова го знаел Апасиев од Левица и затоа давал такви изјави.

Од друга страна пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми кој е и поранешен министер за образование и наука вели дека во учебанта 2017/2018 година според податоците кои ги добил, 64,22% од учениците следеле настава на македонски јазик, а 32,15% од учениците следеле настава на албански јазик.

„Како поранешен министер за образование се интересирав и добив информации дека бројот на ученици во основните училишта во Македонија во учебната 2017/2018 година на запишани Македонци е 121.272 односно 62,22%, додека на Албанци 60.709 односно 32,15%“, рече Арбер Адеми – актуелен пратеник и поранешен министер за образование и наука од ДУИ.

Според изнесеното, овие податоци се за учебната 2017/2018 година и според тоа на каков јазик се одвива наставата, а не според етничката припадност.

Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 се разговараше и за актуелната тема – попис. Нашиот гостин, претставник од Алијанса за Албацните, пратеникот Халил Снопче рече дека ние сме единствена земја каде што правата на граѓаните се добиваат согласно проценти.

„Другите држави ни се смеат како правиме попис и дека граѓаните во Македонија ги добиваат правата согласно процентот од пописот, на пример Албанците добиваат 25% од правата“, потенцираше Снопче кој во студито на ТВ21 дискутира со Арбер Адеми од ДУИ.

Инаку законот за попис чека мнозинство во Собранието, односно 61 пратеник кој треба да гласа ЗА предложеното законско решение.