Со 62 гласа ЗА Собранието без опозиција го изгласа буџетот за 2021 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со 62 гласа ЗА Собранието пред полноќ го донесе буџетот за 2021 година. Собраниската сала пред гласањето ја напуштија пратениците од опозицијата и од македонскиот и албанскиот блок.

По гласањето следуваше аплауз во собраниската сала.

Власта и опозицијата во текот на расправа, искажаа спротивставени ставови за Предлог-буџетот за следната година.

За власта, Буџетот обезбедува одржливост, рационално трошење и е продолжение на одговорните политики спроведени во изминатиот период. Посочија дека Предлог-буџетот е фокусиран на поддршка на здравството и на економското заздравување.

Опозицијата, пак, смета дека предложениот Буџет е мегаломански и нереален. Со него, како што истакнаа, нема да се обезбеди финансиска консолидација, туку ќе се зголеми јавниот долг кој би достигнал 67 проценти.

Вкупните приходи на Буџетот за 2021 се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари, додека расходите на 247,5 денари. Проектираниот дефицит е 34,9 милијарди денари.