Со автомобил влетале во маркет во Скопје и украле сеф

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Синоќа во скопската населба Црниче е ограбен маркет. Биле демолирани влезните врати и излозите.

Маркетот бил ограбен откако автомобил влетал во влезната врата, алармот се вклучил, а разбојниците го земале сефот, и избегале со автомобил, пренесува Телма.

По повод инцидентот се огласи и МВР.

-На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било   пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.  Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, ни одговорија од МВР.