Европското знаменце во Законот за државјанство ќе помогне во надминување на пречките кои ги создаваше македонската опозиција при неговото усвојување. Владата го стави европско знаменце во овој закон, а премиерот Заев смета дека педологот е согласност декларациите и резолуциите на ЕУ кои се поврзани со државјанството и дека нема да биде проблематично неговото усвојување.
Пратеникот на АА, Сурија Рушиди очекува Законот што поскоро да се достави во Собрание и конечно да се усвои.
„Очекуваме час поскоро да го донесат законот и да го испратат до Собрание, така како што се договоривме со европско знаменце, за да се избегнат сите можности за негово блокирање. Очекуваме на првата наредна седница, 46-та на 15 јули, односно в четврток законот да се најде во Собрание и по можност да биде на дневен ред на седницата.“, вели Рушиди.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица претходно најавија дека никој не смее да стави европско знаменце во овој закон, бидејќи, според нив, тоа не е законски. Од друга страна Владата и албанската опозиција одлучија законот да помине со европско знаменце токму поради блокадите создадени од овие две партии.
