„Со крајни сили се обидуваме да го одржуваме капацитетот на болниците“, вели Караџовски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски во „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека здравствениот систем е напнат и со крајни сили се обидуваат да го одржат капацитетот на болниците.

„Со крајни сили се обидуваме да го одржуваме капацитетот на болниците за можност да се хоспитализираат“, посочи Караџовски.

Тој вели дека не можат за неколку месеци да направат лекари, за тоа треба пет години.