Со билети во еден правец за Германија и куфери, приватните специјалисти протестираа пред Министерството за здравство. Со ова ја предупредија власта дека доколку не им бидат прифатени барањата ќе заминат од државата.
Приватните специјализанти велат дека од денеска ќе го прекинат штрајкот и ќе се вратат на нивните работни места со цел да не настрадаат пациентите, но тоа не значи дека се откажуваат. Секој вторник за време на пауза ќе протестираат.
Околу 400 приватни специјализанти штрајкуваа и не се појавија на работа. Тие се револтирани затоа што немаат пензиско и здравствено осигурување а бараат и зголемување на месечниот надоместок кој сега изнесува 26.000 денари, исто да биде на висината на просечната плата на лекар во јавните здравствени установи како решавање на нивниот статус како невработени лица.
