Со Меѓународен сојуз испрани 953.726 евра, Рускоска тврди и за вмешаност на Ременски, но никој не признава вина

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Проект за изградба на старечки домови, била идејата за која Бојан Јовановски од бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзовски наводно успеал да земе 953.726 евра, преку хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“.

Мицевски парите ги уплатил на сметка на пензионерка од Скопје, Лилјана Тодоровска, а Амзовски на сметка на Јасна Манди, потпретседателка на организацијата. Сите пари на крај завршиле кај Бојан Јовановски, тврди обвинителството.

„Што се однесува до парите, кои се подигнати од страна на Лилјана Тодоровска и земени веднаш од обвинетата Христина Блажевска имаме точно, локациски од вештачењето на телефонот дека завршуваат во куќата на неговите родители, имаме и слика имаме и локација“, рече Рускоска.

Според обвинителството, поранешната потпретседателка на Собранието, но и СДСМ, Фросина Ременски со својот углед и авторитет влијаела и му давала совети на Боки 13 како клиентите да стекнат доверба во проектите.

„Ќе имаме шанса и прилика да докажеме дека се тоа што беше наведено во таа една реченица како обвинување кон мене од јавното обвинителство е неосновано и неможно да докаже, имајќи во предвид дека ниту едно дејствие кое што сум го имала по однос на одредени активности поврзани не само со Меѓународен сојуз и други организации не се кривични дела и не може да бидат.“, изјави Ременски.

Ременски додава дека споменатите бизнисмени се долгогодишни партнери на СДСМ и дека контактите кои таа ги имала со нив не биле поврзани со Меѓународен сојуз.

Пресудата за овој предмет за првообвинетиот Бојан Јовановски е веќе донесени, додавајќи дека размислувал дали да се брани со молчење. Неговиот бранител, Сашко Дукоски вели дека ако вака се поднесувало обвинение за измама, тогаш клуч на врата требало да има за сите граѓански судови.

„Ние предложивме листа на докази како вербални така и материјални со кои ќе докажеме дека станува збор за фингирана постапка која што се води под кривично дело измината која што нема никаква врска со измама.“, вели Дуковски.

Поради влошена здравствена состојба на Миле Јовановски, татко на Боки 13 судењето денеска беше прекинати, а ќе продолжи в четврток со воведни зборови и тоа ќе биде последно рочиште пред судската ферија.

На листата на сведоци за предметот се наоѓаат 51 лице, а денеска беше дополнета истата со бизнисменот Фијат Цановски.

За случајот „Меѓународен сојуз“ обвинети се Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски-Боки 13, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова.