Ова е Агрон Хајредини од градот Тетово. Иако со посебни потреби, Гони, како што го нарекуваат во Тетово, го освои златниот медал на специјалните олимписки игри, одржани во Германија на крајот на јуни. Агрони интензивно работеше две години за да дојде до медал, но условите во кои работат се многу тешки. Тој апелира Тетово што поскоро да изгради олимписка спортска сала и олимписки терени.
„Морав многу да се подготвувам за ова и многу сум задоволен што го добив златниот медал. Треба да има терени за трчање, треба да има спортски сали, но кај нас ги нема“, вели Агрон Хајредини.
Тренерот Ифраим Лута вели дека 10 години доброволно работат во атлетскиот клуб Шкендија. Досега имаат освоено 6 златни медали во две учества.
„Имаме среќа на Македонија да и подариме шест медали. Лани имавме четири, две трки беа на 200 метри и истиот Адриани имаше два медали на 50 и 25 метри. Гони тогаш беше четврти во светот и сега имавме две спортистки, Агрони и Јулијана. Овој пат бевме во дисциплината 50 метри и скок во далечина од местото. Гони го освои златниот медал во многу силна конкуренција во скок во далечина“, вели Ифраим Лута.
условите за подготовки се тешки за работа бидејќи освен теретана што ја имаат бесплатно, немаат друга поддршка. Тој апелира институциите итно да создадат услови за овој спорт бидејќи има многу таленти, но условите ги спречуваат да се подготвуваат како што треба.
„Овој пат општината да почнеше да гради атлетско игралиште или атлетски стадион и за спортистите и за универзитетот, бидејќи го имаме и факултетот за физичко образование, ќе беше многу корисно, бидејќи Тетово е голем град. а би биле ангажирани и многу други професори и би имало многу поголем развој на атлетиката“, додаде Ифраим Лута.
На Специјалните олимписки светски натпревари учествувале повеќе од 200 земји од Европа. Овие трки се основани во 1963 година од семејството Кенеди.
