„Со новите тарифи од САД ќе се зголеми цената на автомобилите и градежните материјали“, смета Бремпт

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Американските работни места зависат од партнерството со ЕУ. 3/4 од алуминиумот што е потребен во САД за производство на прозорци,
автомобили и многу други работи го снабдуваат од увоз. Не го произведуваат сами. Ќе пораснат цените на алуминиумот и на челикот, а со тоа и на автомобилите, на градежниот материјал итн“.

Ова го изјави европратеничката Кетлин ван Бремпт во ексклузивно интервју на ТВ21, кое ќе се емитува на „Дејли Клик“ во среда.

Таа рече дека Трамп е нерационален поради воведувањето на царините, и дека тоа ќе и наштети и на економијата на САД.

„На пример, во 2023 година трговијата со стоки и услуги достигнала 1,6 билиони долари, што значи дека секој ден има трговија од 4,6 милијарди долари, што е чудесна бројка. Вие, секако, знаете подобро од мене. Во 2024 година се задржал истиот тренд. Да. И затоа ова што тој го прави
е толку неразумно. Тоа му го прави на најголемиот партнер. Да, на најголемиот партнер, но и на пријател. Разбирливо е ако е строг кон Кина
оти и Кина не ги почитува правилата. Имаме многу проблеми со кинеските производи. Инаку високите тарифи на челик и алуминиум ѝ штетат на економијата на САД и на нивните потрошувачи, но и на европските потрошувачи и нашата економија. Но згора на сѐ, во Кина има преголемо
производство на челик. Кина произведува премногу, па тој челик ќе ги намали цените на нашиот пазар. Не само што нема да можеме да го извеземе нашиот челик во САД поради високите тарифи, туку и кинескиот челик ќе ги намали цените на нашиот пазар“, рече Бремпт.