Со новозаболените 107 лица, Македонија влезе во земјите со висок ризик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со новозаболените 107 лица кои беа потврдени од министерството за здравство , бројката на заразени во нашата земја се искачи на 1081 лица.

Со тоа Македонија влезе во земји со висок ризик од коронавирусот. Во таа група се сите држави кои имаат над 1000 заразени од вирусот.

Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:

Скопје – 367
Куманово – 306
Дебар – 51
Штип-32
Прилеп –100
Тетово – 48
Струга – 50
Велес – 40
Битола –15
Охрид –7
Кавадарци – 4
Гостивар –12
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-4
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 26
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -2