Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива не ја исклучува можноста за соработка со СДСМ или ВМРО на локалните избори. Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, вели дека се уште не одлучиле со која партија ќе ги поделат гласовите, но додаде дека чекаат да ги видат како овие партии ќе делуваат и потоа тие ќе преземат акција.
Таравари: Ќе видиме какви се реакции и така ќе биде и нашата акција.
ТВ21: -Чии реакции?
Таравари: На ДУИ и СДСМ, дали ќе одат заедно. Доколку се обединиме со некоја политичка партија, било тоа СДСМ или ВМРО, за мене е исто. Срамота беше да соработуваш со Груевски, но имаше албански партии кои соработуваа. Врз основа на делувањето на СДСМ или ВМРО, ако одат со ДУИ, нас не ни остануваат пет политички партии, за да мислиме дали има простор за соработка.
Коалицијата Алијанса/Алтернатива ќе се трка во сите општини, а убедени се дека ќе победат во минимум осум.
„Мислиме минимум на 7 до 8 општини да победиме. Ќе се тркаме во сите општини. Претходно немаше трка во Кичево, сега ќе има и во Кичево, Липково, голема трка во Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, секаде.“, изјави Таравари.
Таравари со насмевка во лицето коментираше за кандидатурите на ДУИ во Гостивар и Тетово, односно за Невзат Бејта и Теута Арифи.
Таравари: Сметам дека сериозна кандидатура за Тетово и Гостивар би биле Арифи и Бејта.
ТВ21: Објаснете ми што значи сериозна? Велите сериозна кандидатура, а се смеете. Гледам дека тоа го кажувате иронично!
Таравари: Без иронија. Сметам дека нема сериозна власт во нивните ограноци, во Тетово, Теута Арифи, а и Невзат Бејта би биле најдобри кандидати за ДУИ.
Таравари кој моментално раководи со општина Гостивар, не ја исклучува можноста да се кандидира за уште еден мандат на изборите во октомври.
