Со цени ја стигнавме ЕУ, со плати никако – во земјите од ЕУ со инфлацијата растат и платите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Платите во земјава не ја следат инфлацијата како во европските земји, но затоа ги следат цените на производите. Битиќи вели е неспоредливо  да се споредуваме со земјите до ЕУ во поглед на стандардот.

„За жал заради погрешни одлуки во минатото ние се уште сме далеку од ЕУ. За жал споредбите се неспоредливи“.

ТВ21: Ама цените ни се исти како во европските градови.

„Да се споредувате со една од најстарите членки на европската унија, зо земја која  е аспирант за влез е неспоредливо“.

ТВ21: На странци кои доаѓаа летово во земјава им беше скапо да пазарат со нивните европски плати?

„…Не можам да коментирам, бидејќи не сум ги слушнал изворно“.

Новинар: Не ги гледате цените?

„Ги гледаме цените“.

Апелира таму каде има вештачко креирање и зголемување истите да се спуштат на животниот стандард на нашите граѓани. Кои се конкретните мерки со кои Владата се гордее за справување на социјално ранливите категории на граѓани со целата економска криза го прашавме вицепремиерот за економски прашања Битиќи?

„Се што е направено од промената на Владата до овој момнет е сосема различна слика на нашето општество. Овие кризи што ни се случуваат веќе терта година никој не можеше да го испланира. Во овој момент се спрема еден паклет мерки кој ќе биде таргетиран кон ранливите категории на граѓани, а тоа се примателите на гарантирани минмални приходи и друготе со пониски примања“, вели Фатмир Битиќи.

Праксата во Австрија е да се покачуваат платите со порастот на инфлацијата вели економистот Бранимир Јовановиќ, професор на Виенскиот институт за меѓународни економски прашања.

„Последните години на власт се десничарите, но и покрај тоа политиките што се водат се многу по леви, од политиките што се водат да кажеме во Македонија од социјалдемократите. Владата донесе веќе два пакета за помагање на граѓаните за справување со повисоките трошоци. Уште пред неколку месеци донесе мерка за давање финансиска поддршка 150 или 300 евра, во зависност од приходите на луѓето,  за луѓето да можат да ги плата повисоките сметки за струја. Сега се донесе втор пакет кој што им адава на сите возрасни по 500 евра, а на сите деца по 250 евра, односно за четиричлено семејство со две деца и двајца возрасни вкупно 1500 евра за да можат да се носат со повисоките трошоци“, вели Бранимир Јовановиќ.

Владата на Австрија одлучила да ја ограничи цената на гасот и цената на струјата за да се спречи  инфлацијата дополнително да расте, додека ние не знаеме дали ќе имаме воошто греење, а за струјата знаеме дека ќе биде по повисока цена.Како дополнување во Австрија следната година најавиле дека ќе ги покачат сите плати.