„Со закани и уцени, извинете но не!“, Мицкоски бара договорите да се почитуваат и од соседите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски упати повик до неговиот грчки колега, Киријакос Мицотакси да се обрати во Хаг доколку смета дека Преспанскиот договор е прекршен од македонската страна. Прашан за најавите на грчките претставници дека Македонија нема да направи ниту еден чекор напред доколку не излезе со јасен став за Преспанскиот договор, Мицкоски рече дека помина времето кога политичарите од Македонија прифаќаа се што ќе им беше побарано. Доколку Преспанскиот договор е прекршен, Мицкоски вели дека за тоа има судови кои треба да одлучат.

Што се однесува до договорот за добрососедство со Бугарија и уставните измени, Мицкоски ја повтори изјавата на Муцунски, кој рече дека уставните измени можат да се реализираат само со одложено дејство, односно да важат откако Македонија ќе ги заврши преговорите и ќе почне со ратификување на пристапниот протокол.

Мицкоски бара од меѓународната заедница првично да ја убеди Бугарија да ги примени препораките на Судот за човекови права кој, како што вели, донел четиринаесет одлуки за прекршување на правата на Македонците во Бугарија. Доколку тие не ги почитуваат човековите права, тогаш Мицкоски рече дека не може да им се верува бидејќи можат да стават ново вето за пристапување во ЕУ.