„Собира данок, а данок не плаќа“ – Џемаили го обвинува Несими дека го заглавил муфтиството во долгови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во врска со прашањето за женскиот пазар во Тетово реагираше и муфтијата Селвер Џемаили. Тој го обвинува Ќани Несими за собирање данок од трговците а додава дека муфтиството го заглавува во долгови.

„Тетовското муфтиство во моментов е втурнато во огромни долгови а дел од нив се со факти и документи за обелоденување. Со ваквата состојба која го оптоварува тетовското муфтиство, до сега имаме фактура која доаѓа од извршител, каде имаме над 1 милион денари долг, данок на имот, од општина Тетово. Потоа имаме над 351 илјада денари кон фирмата ЈКП каде што тетовскиот муфтија за жал во долгови ставил лице кое тврди дека е на чело на муфтиството на Тетово. Од една страна собира данок ,од друга страна, даноците што ги има како обврска не ги плаќа“, вели Селвер Џемаили.

Иако е прогласен за муфтија од ИВЗ, Селвер Џемаили не може да влезе во тетовското муфтиство. Тој вели дека добива закани а додава дека Ќани Несими нема никаков документ дека е муфтија на тетовското муфтиство.

„Не поседува никаков документ со кој може да се докаже дека е муфтија, никаков документ, ниту од ИВЗ, ниту од судот. Нема никаков полноправен документ со кој се докажува дека Ќани Несими е…“

ТВ21: Тогаш зошто не одите таму?

„Не одиме поради физички напади, ни велат дека ќе  направиме ова, ќе  правиме ова, имаме закани.“

ТВ21: Се плашите?

„Нормално, не постои човечко суштество кое не се плаши од физички закани“.

ТВ21: Дали сте ги пријавиле овие случаи?

„Да, и тие се во судска постапка“.

Џемаили рече дека секој ден на врата му тропаат луѓе кон кои Ќани Несими има приватен долг, но тој изјавил дека истите ќе ги плати муфтиството. Според Џемаил, станува збор за десетици илјади евра.

„Кај мене имаат дојдено неколку лица кои ги познавам и кои се мои пријатели, кои му дале пари на тетовскиот муфтија. Тој сега им вели дека тоа се долгови на институцијата, ќе ги плати Селвер кога ќе дојде. Тоа се големи суми. На еден колега 30 илјади франци, на друг колега 10 илјади евра, на еден друг 10 илјади евра, на друг 20 илјади евра. Ова се луѓе кои дојдоа кај мене бидејќи јас сум назначен и прашуваат: Ќе ги признаеш овие долгови. Јас им велам дека немам никаков документ дека сте дале пари“.

Го контактиравме муфтијата Ќани Несими и го информиравме за обвинувањата од Селвер Џемаили, но Несими ни рече дека откако ќе ги види истите, ќе одговори.