Австралискиот пливач Кајл Чалмерс постави нов светски рекорд на 100 метри слободно во 25-метарски базени на трката во рамки на Светскиот куп во рускиот град Казан.
Чалмерс (23), кој во 2016 година го освои златниот медал на Олимписките игри во Рио де Женеиро, а оваа година во Токио се закити со сребреното одличје на 100 метри слободно, победи во Казан со време од 44, 84 секунди.
Досегашниот рекорд беше во сопственост на Французинот Амори Лево (44, 94) поставен во декември 2008 година на Европското првенство во Риека.
