Уставниот суд за да има добри и судии со искуство, ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за избор и именувања предложи 9 кандидати за судии да дојдат во матичната комисија, да ги претстават своите биографии и пратениците да можат да им постават прашања во врска со нивните дилеми. Антонијо Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека оваа процедура не ја одолговлекува дебата во Комисијата а можат да дојдат само оние судии кои се заинтересирани.
Таквиот предлог не го поддржаа членовите на Комисијата а претседателката Марија Георгиевска рече дека такво нешто не е предвидено ниту со Собранискиот деловник.
СДСМ предложи 3 кандидати за уставни судии а ВМРО-ДПМНЕ, 6. Фаница Николовска од СДСМ вели дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ се партиски кандидати а не експерти од областа.
За уставни судии се предложени 9 кандидати. Пратениците од парламентарното мнозинство го предложија за државен јавен обвинител Љубомир Јовески, за граѓански судија во Апелација Скопје, фатмир Скендери и Тања Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанска легислатива. ВМРО-ДПМНЕ предложи 6 кандидати, универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, Бранко Секуловски, судија во пензија, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управен суд, Весна Јовановска и Воислав Димовски, јавен обвинител во Охрид.
