Собранието гласаше, Македонија доби нова Влада!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со 62 гласа ЗА, 51 против, и без воздржани, Собранието го изгласа новиот владин состав предложен од мандатарот Зоран Заев. Вчера и денеска пратениците во парламентот расправаа за составот и за владината програма.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека мандатот на оваа влада ќе биде најкраток, и се заканија со демонстрации на улиците за уривање на Владата предводена од Зоран Заев.

Мандатарот Заев најпрво го образложи новиот владин состав. „Копјата“ се кршеа околу тоа дека во предизборната кампања, СДСМ и ДУИ меѓусебно си упатувале остри стрели, а после изборите најдоа заеднички јазик за владина коалиција.

Вака ќе изгледа новиот владин состав:

Претседател на Влада – Зоран Заев
Вицепремиер за економија – Фатмир Битиќи
Вицепремиер за борба против корупција – Љупчо Николовски
Вицепремиер за европски прашања – Никола Димитров
Министерство за надворешни работи – Бујар Османи
Министерство за внатрешни работи – Оливер Спасовски
Министерство за правда – Бојан Маричиќ
Министерство за одбрана – Радмила Шекеринска
Министерство за финансии – Фатмир Бесими
Министерство за економија – Крешник Бектеши
Министерство за транспорт и врски – Благој Бочварски
Министерство за земјоделие – Арјанит Хоџa
Министерство за екологија – Насер Нуредини
Министерство за труд и социјална политика – Јагода Шахпаска
Министерство за култура – Ирена Стефоска
Министерство за информатичко општество и администрација – Јетон Шаќири
Министерство за здравство – Венко Филипче
Министерство за образование – Мила Царовска
Министерство за локална самоуправа – Горан Милески
Министерство за политички систем – Артан Груби