Собранието го изгласа дневниот ред, прва точка гласање за доверба на владата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Собранието го изгласа новиот дневен, со кој на прва точка е ставена гласање на доверба на Владата.

Претходно премиерот Заев побара Собранието да гласа доверба на владата.

„Дајте да гласаме за доверба на владата да расчистиме“, истакна Заев.

Одлуката за доверба или недоверба на владата се носи со мнозинство од вкупниот број на пратеници. Доколку на Владата се изгласа недоверба, обврзана е да се распушти.

Претседателот на Владата има право да се обрати пред Собранието пред гласањето.

Во моментов на обраќањето, опозицијата ја немаше во парламентот.