Во Собранието на Косово денеска продолжи конститутивната седница, која набрзо повторно беше прекината. Претседавачот со седницата Авни Дехари продолжението на седницата го закажа за вторник во 10 часот.
Денешниот дел од седницата доцнеше околу половина час, но траеше само неколку минути.
На седницата присуствуваа 92 пратеници.
Во полупразна сала, претседавачот повторно го стави на гласање предлогот на Самоопределување за формирање ад хок Комисија за тајно гласање за претседателот на Собранието.
Дехари изјави дека ДПК, ДСК, АБК и Српска листа не одговориле на поканата да поднесат предлог на нивните членови во таа комисија.
За предлогот гласаа само 54 пратеници.
Бидејќи предлогот не доби поддршка од доволен број пратеници, Дехари ја прекина седницата и ја презакажа за вторник во 10 часот.
