Собраниска делегација ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“, по повод 149-годишнината од неговото раѓање.

Во состав на делегацијата, која ќе ја предводи потпретседател на Собранието Горан Мисовски, ќе бидат и Снежана Калеска-Ванчева и Велика Стојкова-Серафимовска.