Array

Собраниската Комисија ќе расправа до полноќ за имунитетот на Вељаноски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По дадената пауза, собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања се враќа на расправа за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски.

Според најавите, се очекува да се обратат уште тројца пратеници. Расправата треба да заврши до полноќ по што Комисијата треба да го достави заклучокот од расправата до претседателот на Собранието за потоа да биде свикана пленарна седница.

Одлуката за одземање на пратеничкиот имунитет се носи со просто мнозинство од вкупниот број пратеници.