Собраниската седница за избор на Влада, закажана за сабота во 11 часот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Собранието ја закажа седницата број 10 за во сабота со почеток во 11 часот. На истата ќе се избира новата Влада, предложена од мандатарот Зоран Заев.

Денеска мандатарот Заев го достави предлогот до Собранието, по што материјалот, односно биографијата на новите министри и владината програма, ќе им биде поделен на пратениците за да се запознаат со истиот, и потоа ќе се бираат новите министри предложени од коалицијата СДСМ – ДУИ по одржаните избори на 15. јули.

Се очекува да има расправа околу новата влада, а потоа кога ќе завршат сите говорници, да се премине на гласање.