Книгата „Географија за втора година реформирано гимназиско образование “, е издадена пред 10 години, но многу наставни поглавја професорите ги изоставуваат, бидејќи како што велат, содржат невистинити историски факти кои поттикнуваат меѓуетничка омраза.
Во оваа книга, учениците учат дека:
Според професорот по географија во Гимназијата „Зеф Љуш Марку“, Бурим Алиу, содржината на овие книги поттикнува меѓуетничка омраза во Северна Македонија.
За да се коригираат учебниците треба да се формира комисија во рамките на Бирото за развој на образованието. Меѓутоа, професорот Алиу, кој членува во Комисијата за книги по географија, вели дека досега немало никаква иницијатива за вакво нешто.
Но, не е доволно само коригирањето. Според Членот 14 од Законот за учебници, доколку станува збор за коригирање на 30% од материјалот, тогаш треба за се изготви нова наставна план-програма по одреден предмет. Тука спаѓа и учебникот по географија. Но, поради тоа што оваа книга содржи навреди, истата треба да биде повлечена од употреба, што е предвидено во Член 26 од истиот закон.
Го прашавме и министерот за образование, Арбр Адеми – зошто овие грешки не се поправаат?
Но, од друга страна, од меѓудржавните комиси велат дека активностите течат многу бавно. Комисијата со Бугарија заглави во делот за историјата на Гоце Делчев и одредено време ќе паузира, додека онаа пак со Грција е далеку од исход. Како што изгледа, овој учебник сепак ќе остане во употреба.
