„Софра на мирот“ во Клинички центар за семејствата на повредените во пожарот во Кочани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се служи ручек за семејствата на повредените во пожарот во Кочани, кои се сместени во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Оваа дарежлива иницијатива ја презедоа повеќе граѓани од Скопје.

-Во болницата „Мајка Тереза“, во близина на ургентен, поставена е таканаречената „Софрата на мирот“ за семејствата од трагичниот случај што се случи во Кочани и за сите здравствени работници, пренесува Фазиле Халили, репортерка на ТВ21.

Одговорното лице од оваа организација, Гани Куртиши, за ТВ21 изјави дека освен ручек за семејствата на пациентите кои се повредени во трагедијата во Кочани, вечера односно ифтар се служи за сите во Клиничкиот центар. Ифтар исто така се послужува и во паркот во Чаир, каде исто така се добредојдени семејствата на повредените во Кочани, кои се хоспитализирани низ скопските клиники.

-Ова започна од вчера, понеделник, а ќе трае до сабота. Доколку има потреба за членовите на семејствата од Кочани, ќе продолжиме да обезбедиме храна доколку има барања. Истото го правиме и во последните 10 дена од Рамазан во паркот Чаир, изјави Гани Куртиши, организатор.

Новинар: За кого се поставува таму масата?

Куртиши: Истото е направено за сите луѓе кои сакаат да се солидаризираат со трагичниот случај на Кочани и да јадат ифтар, ги поканивме и членовите на семејството да дојдат таму, ќе има храна и за нив.

Исто така, во паркот на општина Чаир, Куртиши рече дека се добредојдени сите на кои им е потребен ифтар. Само на една локација се обезбедуваат по околу 160 оброци дневно.