Сојузот на средношколци со бојкот на наставата и оваа недела – се очекува консензус во Собрание и законски измени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сојузот на средношколци одлучи да продолжи со бојкотот на наставата и во текот на следната недела.

Од таму велат дека ваквата одлука следува по вчерашната вонредна седница на Генералното Собрание.

„Исто така, наша делегација претходно одржи средба со неколку пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. На средбата тие ја потврдија нивната поддршка за нашите барања. Бевме информирани дека ќе започнат со иницијатива за организирање на јавна расправа во понеделник и подготовка на законски измени“, велат од Сојузот.

Од таму додаваат дека се очекува широк консензус во Собранието околу нивните барања бидејќи ова прашање засега 18 илјади матуранти.

„Ние ќе продолжиме со нашите активности во парламентот во координација со сите пратеници и пратенички групи коишто ги поддржуваат нашите барања. Матуранти, нашата заедничка борба продолжува!“, велат од Сојузот на средношколци.