Сол и ризла за 3,5 милиони евра, но механизација допрва ќе се набавува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За зимската сезона 2024-2025, досега се потрошени 219 милиони денари (3,57 милиони евра) за сол и ризла. Јавното претпријатие „Македонија пат“ е носител на три најголеми договори, но тие се исклучиво за материјали, додека механизацијата за зимско чистење допрва треба да се набави.

Општините и Град Скопје годишно издвојуваат значителни суми за зимско одржување. Скопје и скопските општини заедно ќе потрошат повеќе од еден милион евра, додека најголемите трошоци надвор од главниот град ги имаат Битола и Кичево.

Истражувањето покажува дека конкуренцијата на тендерите е исклучително ниска, со просечно 1,4 понуди по тендер. Најголем дел од договорите се склучени со само една понуда, што го отвора прашањето за транспарентноста и економичноста.

Иако досега се потрошени значителни средства за зимско одржување, клучните договори за механизација сè уште не се финализирани. Граѓаните денеска веќе се соочија со проблеми на патиштата бидејќи институциите не реагираа навремено.