„Солун во молк за Кочани“ – собир на плоштадот Аристотел во спомен на загинатите!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонските државјани кои живеат и студираат во Солун денеска точно напладне организираа собир „Солун во молк за Кочани“ на централниот плоштад „Аристотел“.

Собирот е за да им оддадат почит на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Организаторите на иницијативата за МИА велат дека планираат 60 минутен молк, односно по една минута за сите 59 жртви, но и минута за возачот на брзата помош, кој почина откако цел ден пренесувал повредени лица.