Солзавец и водени топови на протестот во Атина против вакцините

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со инциденти пред грчкиот Парламент заврши протестот против вакцините, организиран преку социјалните мрежи, јави дописничката на МИА од Атина.

Полицијата употреби солзавец, но и најмалку три цистерни со вода за да ги растера граѓаните.

Демонстрантите, како и минатата среда, одржаа протест на плоштадот Синтагма во центарот на Атина и извикуваа слогани против вакцините, против задолжителната вакцинација, против Владата, но и против новинарите.